1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав напад на аеродромот во Карачи

ЕМФ/ард/дв9 јуни 2014

Тешко вооружени екстремисти го нападнаа аеродромот во градот Карачи, на југот на Пакистан. По тешката престрелка со безбедносните сили, напаѓачите се совладани. Во судирот загинаа најмалку 26 лица.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Напаѓачите на аеродромот во Карачи, според наводи на полицијата, биле вооружени со автоматско оружје и гранати. Борбите со безбедносните сили траеле со часови. Меѓу загинатите 26 лица, има и десетмина напаѓачи. Голем број луѓе се повредени. Портпарол на армијата на Пакистан соопшти дека нападот е одбиен и дека еден објект на аеродромот е во пламен, но дека нема оштетени авиони. Претставник на цивлното воздухопловство сопшти дека сите летови се привремено откажани, но се очекува аеродромот да продолжи со работа веќе во текот на денешниот ден (9.06).

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Нападот врз најголемиот аеродром во земјата, како што се вели, бил одмаздничка акција за воздушните напади врз селата на авганистанската граница, во кои гинат недолжни луѓе.

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека напаѓачите биле странски борци. Меѓу нив имало и Узбеци. Талибанците и други екстремисти во Пакистан над 10 години се борат против владата и за создавање строго исламска држава. Во судирите досега животот го загубија илајдници луѓе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми