1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамНорвешка

Крвопролевање во центарот на Осло

СН/агенции
25 јуни 2022

Две лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во близина на ноќен клуб популарен меѓу ЛГБТ заедницата во главниот град на Норвешка. Полицијата спроведува истрага поради сомнение за тероризам.

Припадници на норвешката полиција го обезбедуваат пабот Лондон во центарот на Осло по пукањето во кое загинаа две лица
Припадници на норвешката полиција го обезбедуваат пабот Лондон во центарот на Осло по пукањето во кое загинаа две лицаФотографија: Javad Parsa/NTB/dpa/picture alliance

На прес-конференција во саботата, полициски претставници изјавија дека мажот кој е уапсен по пукањето во центарот на Осло, во кое загинаа две лица а повредени се 21 лице, од кои 10 потешко, е норвешки државјанин со иранско потекло, кој претходно и бил познат на полицијата, но не и за сериозно кривично дело.

Полицијата не верува дека некое друго лице е вмешано, но соопшти дека го третира инцидентот како терористички напад. Напаѓачот имал две оружја-пиштол и автоматско оружје. кои се запленети, а претражен му е и станот.  

Откажана денешната Парада на гордоста

Во меѓувреме организаторите на собирот на ЛГБТ симпатизерите во Осло ја откажаа годишната Парада на гордодост која требаше да се одржи денеска, а тоа е сторено на совет од полицијата.

Цвеќе за спомен на жртвите во нападот во ОслоФотографија: Terje Pedersen/NTB/AP/picture alliance

Организаторите соопштија дека полицијата ги советувала да ја откажат и паратат и останите случувања.

„Осло Прајд поради тоа ги повикува сите кои планираа да учествуваат или да ја гледаат парадата да не доаѓаат. Сите случувања поврзани со Осло Прајд се откажуваат“, соопштија организаторите на својата страница на Фејсбук.

Норвешка е безбедна земја, но…

Премиерот Јонас Гар Стоере на Фејсбук напиша дека „пукањето пред пабот Лондон во Осло е суров и многу шокантен напад врз невини луѓе“. Тој напиша и дека - иако мотивот бил нејасен, пукањето предизвикало страв и тага кај ЛГБТК заедницата. „Сите сме со вас“, напиша премиерот.

Норвешка е релативно безбедна земја, но доживеа смртоносни напади од десничарски екстремисти, вклучително и нападот во 2011 година кога десноекстремистичкиот атентатор Андерс Брејвик уби 69 луѓе на островот Утоја, откако активираше бомба во Осло, во која загинаа осум лица.

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми