1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кревката алијанса против „Исламска држава“

Керстен Книп/ Ивана Стојкова20 септември 2014

САД коваат меѓународна алијанса против терористичката организација „Исламска држава“. Сојузот е пред огромни искушенија. Интересите на потенцијалните сојузници изгледаат тешко споиви.

Фотографија: dpa/AP Photo/Raqqa Media Center of the Islamic State

Колку голема би можела да биде колатералната штета? Сириските воздухопловни сили во четвртокот (18.09)извршија напад на градот Ал-Баб во северниот дел од земјата, кој е под контрола на терористичката организација „Исламска држава“. При тоа убиени се најмалку 15 лица, а десетици се повредени.Сведоците од местото на настанот велат дека повеќе од 30 лица настрадале. Како што велат тие, воздухопловните сили нападнале група луѓе кои стоеле пред една пекара. Дали се нападнати само борците за „Исламска држава“? Сведоците се сомневаат во тоа.

Борба со срце

Настаните од овој тип, за многу Сиријци кои живеат на територијата под контрола на Исламската држава се предвесник за можни напади од страна на Алијансата.

„Зошто не‘ убиваат? Со што сме заслужиле такво нешто?“, ја цитира еден од дописниците изјавата на граѓанин на градот Ал-баб, објавена на интернет страницата на Ал монитор, која ги следи политичките случувања на Блискиот Исток. Граѓаните на Ал-баб наскоро би можеле да бидат изложени на двојни удари: од една страна режимски воени авиони, а од друга страна, пак, авиони на меѓународната коалиција. Многу граѓани, оценува дописникот на Ал-монитор, затоа веќе и го напуштиле градот, како и многубројни борци на „Исламската држава“. Нивните стратези можно е да се радуваат на најавените напади, затоа што со тоа само ќе привлечат нови симпатизери и поддржувачи на организацијата, како на локално така и на меѓународно ниво“. Затоа, според Ал-Монитор, неопходна е друга стратегија: „Оваа војна не може да се добие или загуби само со ракети и бомби, туку со срцето и главата на луѓето“. Но, како победата може да се оствари, засега стратезите на идниот меѓународен сојуз немаат одговор.

Во арапскиот свет уште отсега може да се забележи воздржаност во однос на планираната алијанса. Египетските муслимански браќа, чиј што глас има голема важност помеѓу арапските народи, веќе изрази резервираност кон највената инвазија. Таа не ги следи вредностите на исламот, туку само мислењето на САД. На тоа се противи дури и дел од шиитите во Ирак, делумно и смртно загрозен од страна на ИС.

Самоубиствен напад во Багдад-секојдневие во ИракФотографија: picture-alliance/dpa/Stringer

Воздржаноста, како од сунитска страна, така и од страна на шиитите, за меѓународната алијанса е голем предизвик. Многу сунитски држави соопштија дека ќе пристапат кон најавената алијанса. Меѓу нив е и Катар, кој би можел да влијае врз муслиманските браќа. Катар до денес е нивниот најважен советник. Фактот што Иран, во кој доминираат шиитите, нема да биде дел од воениот сојуз, би можело да го отежне проблемот со шиитската воздржаност.

Проблематичната улога на Иран

Притоа, САД имаат доста причини да не го примат Иран во сојузот. Сепак, „Исламската држава“ претставува закана и за самиот Иран, како и за многу други држави од регионот. Но со барањата и режимот на Башар ел Асад да се приклучи кон коалицијата, Иран, според оценките на одделни аналитичари, изгуби дел од својата веродостојност во борбата против сунитските џихадисти.

Аналитичарот Абдулраман ел Рашид тоа го објаснува со улогата на неславниот сириски диктатор. За весникот„Ашарк ал-Авсат“, близок кон саудискиот режим, Ел Рашид укажувана поддршката на Техеран кон Асад. Имено, Асад многу од борците во „Исламската држава“ на почетокот на војната во Сирија ги ослободи од затвор и им даде одврзани раце на џихадистите, се‘ со цел слабеење на секуларната опозиција. Затоа, тој не може да биде примен во сојузот, смета Ел Рашид. За самиот Асад во моментов многу работи се на коцка. Затоа тој не се нуди само како анти терористички борец, за на надворешнополитички план повторно да стекне легитимност. Тој е исто така се повеќе изложен на жестоки напади од страна на „Исламската држава“. Масовното убивање на сириските војници од страна на ИС-терористите носи големи немири во редовите на сириската војска.

За Ел Рашид е под знак прашалник дали Асад сака долгорочно да се одмаздува со џихадистите. Доколку биде вклучен во коалиција против „Исламската држава“, тоа би го растоварило и на политички и на воен план. Но пречка во тоа е алосторството кое е направено од страна на режимот: „Доколку „Исламската држава“ досега убила околку 5.000 луѓе, што е тоа во споредба со 200.000 убиени од страна на сирискиот режим?

Башар ал-АсадФотографија: Reuters/Syria TV

Контрадикторни обврски

Затоа меѓународната алијанса е во дилема. Таа мора да се пресмета со „Исламската држава“ како во Ирак така и во Сирија. Притоа, мора да води сметка за тоа да не придонесе за политички опстанок на режимот на Асад или засилувањето на Иран. Сунитските партнери не би го толерирале тоа. За тоа и‘ е потребна и подршка, во многу одделни сегменти,од арапската јавност.

Затоа, целта не смее да биде пресметка со сунитскиот тероризам, туку и одбрана од шиитскиот терор, пишува аналитичарот Салман Алдосари по повод шиитскиот Хезболах, кој исто така се бори во Ирак. „Вистината е дека постои и сунитски и шиитски екстремизам“, пишува тој, „затоа меѓународната алијанса нема да има успех се‘ додека не се обиде да го урне овој облик на тероризам, без разлика дали е сунитски или шиитски.“

Победата во борбата со исламистичкиот тероризам, долгорочно може да се оствари само доколку прекине ривалството помеѓу двете исламски страни. Тоа ривалство моментално е раширено низ Сирија и Ирак. Цената на тоа ја плаќаат граѓаните на овие две земји.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми