1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Кревок мир: договорот од Кемп Дејвид

Керстен Книп
17 септември 2018

Во септември 1978 година Израел и Египет во Кемп Дејвид со посредништво на тогашниот американски претседател Џими Картер постигнаа мировен договор. Договорот не беше популарен, но нужен од политичка рационалност.

Washington 1979 Sadat, Carter und Begin ägyptisch-israelischer Friedensvertrag in Washington 1979
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Daugherty

Не е некоја голема река, но во подоцнежните сеќавања на американскиот претседател ќе заземе значајно место, оти долж Јордан се одвивале многу приказни од Библијата. Токму во таа река тогашниот гувернер на Џорџија, Џими Картер и неговата сопруга Розалин, при нивното патување во Израел во 1973 година смееја да се искапат благодарение на посебна дозвола на Израелците кои во 1967 година го освоија регионот околу западниот брег на Јордан.

Токму тој момент и воопшто патувањето во земјата од митовите е почетокот на фасцинацијата на Картер за Блискиот исток и желбата да се придонесе за примирје. Во 1977 тој беше избран за претседател на САД и тогаш длабоко религиозниот христијанин заполна со реализацијата на неговата замисла.

„Тој беше убеден дека Бог од него бара да донесе мир во регионот и да изнајде начин за тоа", се вели во книгата на авторот Лоренс Рајт „13 дена во септември", која е своевидна хроника на она што ретко кој го сметаше за возможно: со посредство на американскиот претседател египетскиот претседател Анвар Ал Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин на 17 септември 1978 година постигнаа мировен договор меѓу двете земји кој официјално беше потпишан неколку месеци подоцна на 26 март 1979 година.

Лични искуства со насилство

Обајцата, Садат и Бегин, уште од мали нозе доживеале што значи туѓа агресија. Кога Садат се роди во 1918 година, Египет уште беше под управа на Британците. Садат имал обичај да раскажува една приказна што се одвивала во 1906 година, уште пред да биде роден. Британски ловџии дошле во селото Диншавај по долината на Нил и се судриле со селаните при што настрадал еден британски офицер. Британците потоа испратиле експедиција која ги уапсила сите 52 жители на селото. Повеќето од нив биле камшикувани или осудени на затворски казни, четворица мажи биле обесени.

Фотографија: AP

Повеќе:

-Мировен договор со историско значење

-25 години од потпишувањето на договорот од Кемп Дејвид

Многу побрутално е искуството на Менахем Бегин, кој е роден во 1913 година. Во 1941 нацистите го освоиле неговиот роден град Брест Литовск, денешна Белорусија. Нацистите ги уапсиле сите Евреи во градот, а во тоа време мајка му Шазија била хоспитализирана. Нацистите ја убиле во болничкиот кревет. На татко му, Зеев Дов нацистите му обесиле камења околу вратот и го удавиле во блиската река. Таквите искуства на беспомошност и слабост биле мотивот за двајцата политичари да се борат за безбедноста на нивните земји, Садат во Египет, Бегин во Израел. Обајцата сметале дека конфликтот на Блискиот исток кој почнал со основањето на израелската држава е однапред програмиран пораз за едната страна: доброто на една земја е штета за другата, секоја добивка на територија од страна на Израел значи загуба на територија за Арапите и обратно.

Постепено приближување

Така нештата ги сфаќале и нивните претходници. Ривалството меѓу Египет и Израел од 1948 година постепено се развивал до отворено непријателство. До конференцијата во Кемп Дејвид двете земји имаа поминато 4 меѓусебни војни. 1948/49, веднаш по основањето на израелската држава, за време на кризата во Суецкиот канал во 1956, 6-дневната војна во 1967 и конечно т.н. Јом Кипур војна од 1973 година. Спирала на насилство, која пак Картер сакаше да ја сопре.

Приближувања имало уште пред конференцијата. На 9. ноември 1977 Садат пред египетскиот парламент изјави дека ќе оди до крајот на светот, дури до Кнесетот ако на тој начин може да ја спречи смртта макар на еден војник. Кога Бегин го покани, Садат ја прифати поканата и на 20. ноември беше во Кнесетот, на незадоволство на големи делови од арапскиот свет. Сирија, Ирак, Либија и Алжир ги прекинаа дипломатските контакти со Египет и го осудија потегот на Садат.

Фотографија: cc by sa Gammal Hammad

Мир под притисок на САД

Една година подоцна се сретнаа Садат и Бегин во Кемп Дејвид. На обајцата им беше јасно за што друго ќе се разговара покрај мирот: добри релации со САД. И двајцата беа решени да држат строги преговарачки позиции, но истовремено свесни дека премногу ригиден курс би им наштетил на одноците на нивните земји со САД.

Пресудно беше тоа што сфатија дека тука веќе не важи математиката дека кога едниот добива, другиот губи и дека покрај приликите на Блискиот исток, треба да се земат во предвид и одредени американски интерси, така што двајцата лидери на крајот се спогодија.

Мировниот доовор ги обврзуваше двете земји да се признаат меѓусебно како независни држави и ја прекина од 1948ма година постоечката воена состојба. Покрај тоа Израел требаше да го врати на Египет и последниот дел од Синајскиот полуостров кој уште беше под негова контрола.

Беа фиксирани и следните принципи: правата на Палестинците беа признаени, а израелските населби изградени на палестинска окупирана територија требаше да бидат испразнети. Во замена за тоа зраелските бродови добија слободен пас во Суецкиот канал и уште неколку поморски патишта беа признаени како такви со што и Израел доби пристап.

Фотографија: AP

Нобелова награда за мир, но мало воодушевување

„Двајца големи државници, големи за историјата на нивните нации, претседателот Анвар Ал Асад и премиерот Менахем Бегин ја водеа оваа битка со повеќе храброст, издржливост и инспирација отколку што било кој генерал би можел, кој води луѓе и машина на боено поле", го фалеше тогашниот американски претседател Џими Картер исходот на преговорите.

Бегин и Садат пак се соочија со големи проблеми да го спроведат планот во нивните земји, независно од Нобеловата награда за мир која им беше доделена на обајцата уште истата година 1978. „Виси судбината на нацијата", му рече Бегин на Картер при неговата посета во Израел во март 1979. Сличен беше и ставот на повеќето Египќани, пред се исламистичките екстремисти. Анвар Ал Садат во октомври 1981 беше убиен од исламисти за време на парада на војската, но дел од причините беше и неговата цврста политика против исламистите.

Наследството од Кемп Дејвид до ден денешен се велича, но без големо воодушевување. Двете страни знаат дека не может да си допуштат уште една војна која би имала фатални последици за двете земји. Разумен мир е на крајот на денот нешто што го налага разумот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми