1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стравот на Кремљ од народот

Миодраг Шориќ
29 јули 2019

Елитата во Москва реагира сѐ понервозно на протестите од народот. Опозицијата пак сѐ помалку се плаши. Победите те прават посилен, смета Миодраг Шориќ.

Russland Moskau Protest Opposition Polizei
Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Од судирите во Москва меѓу властите и опозицијата како морален победник излезе опозицијата. Кој би можел да брани полицаец кој со пендрак тепа девојка падната на земја само заради тоа што бара фер избори? Кој може да ги одбрани припадниците на тајните служби кои одведуваат до крв претепани млади момчиња кои само го користат своето право слободно да демонстрираат? Кој ќе застане на страната на маскирани полицајци кои насасканите волчјаци ги пуштаат на демонстрантите? Симпатиите се на страната на демонстрантите. И тоа секогаш. Сликите од тепачките банди на Кремљ се одбивни. Тие ни предочуваат дека во Русија силата е над правото. Во демократија тоа треба да е обратно. Тепањето на демонстранти го видоа милиони лица и тие се ужаснати, како во светот, така и во Русија. Западни компании како Сименс, Винтершал и Дајмлер кои и натаму инвестираат во Русија исто така би требало да ги погледнат снимките. Оној што сега го поддржува режимот, ќе мора за тоа да се правда на Западот.

Миодраг Шориќ

Ирелевантен избор

Како можеше Русија да стаса до тука? Станува збор за избори во московскиот градски парламент на 8 септември. Тоа е изненадувачки. Бидејќи овој парламент одлучува за многу малку работи. Поради неговата безначајност никој до сега не беше заинтересиран за овие локални избори, дури ниту гласачите. Но овојпат сакаат да се кандидираат десетина опозициски кандидати, што Кремљ сака да го спречи врз база на проблематични регулативи. Тоа е причина за протестите. Но ако владата се вмеша во релативно неважно политичко гласање, што ќе се случи кога еден ден ќе се одлучува за власта во земјата: за изборите на Думата или при претседателски избори? Луѓето уште повеќе се плашат од моќната елита околу претседателот Путин. И тоа е сосем основано. Државниот апарат е корумпиран. Тие се одговорни дека животниот стандард на Русите со години опаѓа, економијата стагнира, инфраструктурата надвор од главниот град се распаѓа, добро образовани млади луѓе ја напуштаат земјата. Со таканаречената пензиска реформа милиони стари луѓе се измамени од државата.

Повеќе на темата: 

Русија не е место за младите луѓе

Пресуда против Русија во случајот Навални

Празните ветувања на Путин

Претседателот Путин на своите сограѓани со години им ветува подобрување на состојбата. Но речиси веќе никој не му верува. Гласачите се закануваат дека нема да ѝ дадат поддршка на владата. Но, поради тоа опозициските политичари не може да се кандидираат. Поради тоа медиумите се под контрола, а неколкуте независни новинари се прогонувани. Кремљ се плаши од протести како од ѓавол од крст – типична рефлексна реакција на моќ во една правно нефункционална држава.

Крај на стравот

Актуелната елита сѐ уште се држи. Но, тие стравуват дека ќе го загубат статусот и привилегиите. Ќе бидат предизвикани од опозициските политичари кои веќе не се плашат од ништо: ја жртвувале својата кариера, биле апсени и затворани, обвинувани, не штедејќи го сопствениот живот. Нивниот авторитет особено расте кога државата користи насилство против нив – како изминатата сабота

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми