Кремљ: Средбата Путин-Трамп ќе се одржи
29 ноември 2018„Вашингтон го потврди состанокот“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков.
Тој додаде дека се очекува теми на состанокот да бидат стратешката стабилност, контролата на вооружување и регионалните конфликти.
Од Белата куќа е најавено оти Трамп ќе има билатерални состаноци со низа светски лидери за време на престојот во Аргентина.
Повеќе:
-Путин и Трамп на рандеву во Париз
-Трамп го покани Путин во Вашингтон
-Жестока критика на умилкувањата на Трамп кон Путин
Освен со Путин, Трамп треба да се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг, со германската канцеларка Ангела Меркел и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, рече дека Трамп ќе има состанци и со претседателите на Аргентина, Јужна Кореја и Турција- Маурисио Макри, Мун Џае Ин и Реџеп Таип Ердоган, како и со индискиот премиер Нарендра Моди.
Белата куќа не ја исклучи ни неформалната средба со саудискиот претстолонаследник Мохамед бин Салман.
Самитот на Групата на индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој (Г20) започнува утре.