1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата во Украина предизвикува споредби со светските војни

Кристијан Трипе; Превод: Александар Методијев7 септември 2014

Украинската криза предизвика многу историски споредби. Дали ќе има уште една војна во Европа, како во 1914 година? Или е многу послично како во 1939 година? Во случајов историјата делумно помага.

Фотографија: F.Perry/AFP/Getty Images

Ретко имало толкаво единство - Европејците и Американците ја осудија бруталната политика на Владимир Путин. Европската унија ги заостри санкциите против Русија. НАТО ја прилагодува својата ориентација на неоимперијалистичката надворешна политика на Москва. По долго одложување, Франција ја запре испораката на воените бродови на Русија. Германија, Италија и другите земји дозволија нивните еконосмки инереси да се стават во втор план. Западот, кој како израз од пред неколку месеци се врати во политичката дебата, ги збива своите редови.

Пикнатините стануваат видливи само ако денешната политичка клима се стави во конктекст на историските искуства. Украинската криза се случи кога Европа одбележа два настани кои оставија крвав печат на континентот: 1914 и 1939 година - или 100 години од избувнувањето на Првата светска војна и 75 години од почетокот на Втората светска војна. Руската агресија во Украина практично тера на правење споредби.

„Коинциденциите понекогаш можат да предизвикаат морници“, рече германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер за време на една панел-дискусија по повод Првата светска војна. Неуспехот на дипломатијата пред сто години за германската политика истовремено е опасност и поттик. Не смее да се дозволи политичките грешки да предизвикаат уште една војна во Европа! Зад тоа се крие уверувањето дека со занатски добра дипломатија може да се избегне најлошото. Германската надворешна политика во 2014 година како пример го зема светот од 1914 година.

Но, оној кој во Германија препознава едно сосема поинаква референтна точка, оној кој во политиката на Путин препознава шаблон кој наликува на германскиот експазионистички правец во 30-ите години на минатиот век, тој веќе ја има загубено битката. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле тоа мораше да го сфати кога подвлече една таква споредба. Министерството за надворешни работи му нареди да се „повлече“, бидејќи споредбите на Путин со Хитлер во Германија се табу.

Кристијан ТрипеФотографија: DW

Но, од друга страна и тоа како се зборува за сличностите кои се наметнуваат во надорешнополитичкото однесување: империјалистичка цел, вооружување, игри на национални карти, безобразно кршење на постоечките меѓународноправни договори и сето тоа пропратено со хистерична пропаганда.

На состанокот на ЕУ на крајот на август британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека во однос на Путин не смеат да се повторуваат грешките кои се правени во однос на Хитлер во 30-ите години.

Политиката за помирување која тогаш ја водеа Британците и Французите не можеше да го запре германскиот диктатор. Камерон затоа сега советува поголема цврстина и одлучност, а таквото гледиште го делат и Полјаците, балтичките држави и Скандинавците. Ним Европа во предвечерјето на Втората светска војна им е шаблонот на денешната политика во однос на Русија.

Како и сите други историски споредби, и анализата на ситуацијата пред избувнувањето на големи војни е само груба ориентација. Кој сега гледа во 1914 година лесно може да предвиди каква разурнувачка улога може да одигра една единствена земја која е подготвена на се’. А, оној кој се концентрира исклучително на 1939 година, нему можат да му се случи да ги пропушти пресудните опции за ублажување на кризата. И едното и другото во 2014 година би било фатално.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми