1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Криза во Венецуела: клучните играчи и институции

Чејс Винтер
24 јануари 2019

Венецуела е втурната во нова криза. ДВ прави осврт на клучните личности и на тоа како земјата стигна до оваа пресвртна точка

Venezuela Anti-Regierungs-Proteste in Caracas
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Vergara

Кризата во Венецуела уште повеќе се продлабочи откако лидерот на опозицијата поддржан од САД и други земји од регионот се самопрогласи за привремен претседател на земјата во обид да се турне од власт социјалистичкиот претседател Николас Мадуро. Следува осврт на клучните фигури и институции.

Николас Мадуро

Социјалистичкиот претседател владееше со земјата откако во 2013-та година извојува тесна победа на спорните избори по смртта на неговиот политички ментор Хуго Чавез. Мадуро ја консолидираше контролата врз клучните државни институции вклучително и Врховниот суд, војската и главниот извор на приходи, државната нафтена компанија ПДВСА. Под неговото водство економијата на Венецуела колабираше, граѓаните западнаа во сиромаштија, а милиони ја напуштија земјата. Режимот беше предмет на санкции од западот. Мадуро даде заклетва за нов мандат од шест години по спорните избори во мај кои беа бојкотирани од опозицијата и осудени од повеќето западни сили и латиноамерикански земји. Сето внимание е насочено кон тоа дали Мадуро ќе успее да опстои по раздорот во елитите и да ја задржи контролата, особено над војската.

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Cubillos

Хуан Гуаидо

Гуаидо е основач на "Граѓанска волја”, поактивистичка и конфронтациона партија во склоп на т.н. тркалезна маса за демократско единство која е група на десетина опозициски партии кои имаат мнозинство во собранието од изборите во 2015 година.

Повеќе:

-Борба за власта во Каракас

-Мадуро нареди ревидирање на односите со САД

-Венецуела на најдобар пат до вонредна состојба

Тој е на чело на народното Собрание и даде официјална заклетва со што стана преоден претседател на 23 јануари годинава. 35 годишниот беше релативно непознат се до преземањето на функцијата претседател на Собранието на почетокот на годинава. Првиот чин беше да се осуди владеењето на Мадуро како „нелегитимно" и да се објави намерата за прогласување преодна власт до одржувањето на избори кои треба да го вратат демократскиот поредок во земјата. Гуаидо стаса до врвот на поделената опозиција откако клучните фигури беа затворени, ставени во куќен притвор или ја напуштија земјата. Меѓу оние во куќен притвор е и лидерот на партијата на Гуаидо, Леополдо Лопез, кој отслужува казна заради наводно поттикнување насилство за време на демонстрации во 2014та насочени против реќимот на Мадуро.

Потегот на Гуаидо кој беше признаен и поддржан од САД и регионалните сили изгледа го начека Мадуро неспремен и го втурна во дополнителна изолација создавајќи паралелна влада со што се зголеми и социјалниот револт во земјата богата со нафта и погодена од економскиот колапс.

Фотографија: Reuters/C. Garcia Rawlins

Национално контра конститутивно собрание

Националното собрание во 2017 година е суспендирано од врховниот суд под контрола на Мадуро и заменето со провладино конститутивно собрание чија цел е да го преработи уставот. Опозицијата ги бојкотираше изборите за сонститутивното собрание во јули 2017 година, тврдејќи дека со ова илегално се узурпира моќта на законодавниот дом. Политичката криза во 2017 година резултираше во улични насилства во кои беа убиени над 100 лица.

Војската на Венецуела

Првите луѓе на војската на Венецуела до сега го поддржуваа Мадуро и покрај повиците на опозицијата војската да застане на страната на народот. Имаше мал бунт, за кој владата соопшти дека се случил во понеделникот. Гуаидо вети амнестија за војниците кои помогнале да се собори Мадуро. Но, министерот за одбрана Владимир Падрино на твитер напиша: „Војниците на татковината не прифаќаат претседател кој е наметнат заради нечии други интереси." Мадуро работеше напорно за да ја придобие војската на своја страна, поставувајќи воени офицери на клучни владини позиции и во државната нафтена компанија.

Војниците додуша имаат причина да бидат незадоволни. Иако се платени, нивните плати не се ни приближно високи како што беа порано.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми