1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крикет-дипломатија помага во зближувањето на Индија и Пакистан; кој да им помогне на Грците во организацијата на олимпијадата?

15 март 2004
Крикет-дипломатија би можел да биде новиот синоним за пингпонг-дипломатија, израз кој настана во седумдесеттите години на минатиот век со пробивот во кинеско-американските односи преку посета и средби на пинг-понгари. Имено, индиската репрезентација во крикет по 14 години повторно е на турнеја во Пакистан. Првата средба заврши со победа на Индијците и се мина без проблеми и на теренот, како и во гледалиштето. Турнејата се совпаѓа со општите настојувања за подобрување на односите меѓу двете соседни земји - атомски сили во постојан конфликт поради провинцијата Кашмир. Овде спортот е во функција на мирот и служи како мост меѓу народите. Но во Сирија, кај тримеѓата со Турција и Ирак, во подрачје населено со Курди, тепачка меѓу два спротивставени фудбалски навивачки табора доведе до безредија од многу поголем обем и со политичка боја, до интервенција на војската и со биланс од можеби и 70 загинати. До што може да доведе заостанувањето зад планот на подготовките за олимписките игри во Атина уште не може да се предвиди, но претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог побара од новата грчка влада да ги забрза работите на изградбата на објектите. Рог, кој во Атина се состана со новиот грчки премиер Костас Караманлис, во фонот на терористичките напади од Мадрид го нагласи принципот за максимална безбедност на игрите. Претседателот на Организациониот комитет на олимпијадата Јана Ангелопулос-Даскалаки го пздрави решението на новата влада да побара од НАТО помош за воздушна и поморска контрола, како и за заштита од напади со атомско, биолошко и хемиско оружје.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми