„Крик“ продаден по рекордна цена на аукција
3 мај 2012Со тоа легендарното дело „Крик“, едно од најпознатите во историјата на уметноста, го надмина досегашниот рекорд постигнат на аукција за повеќе од 13 милиони долари. Пред две години делото „Акт, зелени лисја и биста“ на Пабло Пикасо беше продадено за 95 милиони долари.
„Крик“ на Мунк важи за симбол на стравовите на модерниот човек, а потекнува од 1895. година, таа е едно од четирите варијанти на експресионистичката слика, која прикажува стилизиран маж со изобилечно лице кој испушта вресок под црвено небо.
Купувачот на аукцијата учествувал анонимно преку телефон. Сликата претходно беше во сопственост на норвешкиот индустријалец Петер Олсен, чиј татко своевремено бил мецена и сосед на Мунк и делото го добил пред повеќе од 70 години. Олсен планира со парите да отвори музеј на Мунк.