1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Криминалот го засенува напредокот на Хрватска

Ди пресе3 ноември 2008

Весникот Ди пресе пишува за извештајот на ЕУ за Хрватска. Се предвидува преговорите со Унијата да завршат до 2009, меѓутоа борбата против организираниот криминал останува една од најголемите заложби на земјата.

Извештајот на ЕУ сигурно ќе го замисли СанадерФотографија: Ap

„За првпат е определен конкретен план: до крајот на 2009 преговорите треба да бидат завршени. Тоа е наградата за сиот напредок што Хрватска го постигна во последно време. Се разрешува конфликтот за границата со Словенија - во рибарската зона на Јадранот веќе се постигнаа првите компромиси, а се очекува наскоро истото да се случи и со копнената граница. И проблемот со бродоградилиштата се очекува да биде наскоро решен: по истекот на моменталните договори, повеќе нема да се доделува државна помош, како што предвидува европскиот стандард.

Сепак, последните криминални случаи фрлаат сенка врз напредокот на Хрватска. Пред 2 недели, во автомобил-бомба загина познат хрватски новинар. Три недели претходно загина ќерката на адвокатот на Владимир Загорац, поранешен заменик-министер за одбрана, обвинет за злоупотреба на државната должност.“

Во Ди пресе понатаму читаме:

Постигнати се компромиси за рибарската зона со СловенијаФотографија: Francesc Guillamet

„Широко распространетиот организиран криминал му наштетува на процесот на приближување на ЕУ, предупреди Ханес Свобода, од австриската Социјално-демократска партија и известувач за Хрватска во Европскиот парламент. Како земјата ќе се справи со ова ќе биде голем тест, нагласува тој во интервју за весникот „Пресе“. Ако премиерот Иво Санадер не постави малку построга линија во Владата, нека не се надева на завршување на преговорите и членство во 2011. Затоа правосудството мора да биде веднаш модернизирано и да така да делува.

Освен Европскиот парламент, за примањето на некоја земја во ЕУ зелено светло мора да дадат и останатите земји-членки на Унијата. Повеќе од нив, меѓу кои Холандија, со задршка гледаат на процесот на проширување: ЕУ не би требало да се прошири, доколку земјата-кандидат не е доволно зрела за членство“ – пишува денеска весникот Ди пресе.

Истиот весник во петокот, пак, ги пренесува најновите сознаија околу убиството на новинарот Пуканиќ.

„Белградскиот мафиски бос, Сретен Јоциќ, т.н. Јоца Амстердам, според зборовите на неговиот адвокат, е подготвен да соработува со полицијата. Јоциќ во изминативе денови е се` почесто поврзуван со убиството на Пуканиќ, меѓутоа досега не бил повикан за изјава ниту од хрватската, ниту од српската полиција“ – пишува весникот Ди пресе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми