1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кристијан Шварц Шилинг ќе си замине од Босна и Херцеговина

28 февруари 2007

Функцијата висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина останува и понатаму. Но, на местото на Германецот Кристијан Шварц Шилинг ќе дојде друга личност.

Германскиот дипломат, Кристијан Шварц Шилинг
Германскиот дипломат, Кристијан Шварц ШилингФотографија: AP

Овие решенија вчера ги донесе т.н. „Совет за имплементација на мирот„ – тело во кое седат претставници на државите кои своевремено беа гаранти на Мировниот договор од Дејтон. Меѓу нив се САД, Русија и ЕУ. Кристофер Плас испрати извештај за одлуките.

Меѓународната заедница сака да покаже дека нема да го напушти Балканот. Наспроти претходните најави, бирото на т.н. висок претставник за Босна и Херцеговина нема да биде затворено на 30. јуни годинава. Меѓу претставниците на Советот за имплементација на мирот владее несогласност дали мандатот треба да биде продолжен за една година. Пред се‘ Русија се спротиставува на ваквите барања и најави дека ова прашање ќе го изнесе пред Советот за безбедност на ОН.

За разлика од нејаснотијата околу ова прашање, по вчерашната седница е јасно дека досегашниот висок претставник Кристијан Шварц Шилинг ќе ја напушти функцијата до крајот на јуни.

„Мојот мандат е до 30 јуни и јас не сакам негово продолжување„ – изјави Шварц Шилинг.

Причината за заминувањето меѓутоа треба да се бара во критиката на Американците и Британците на негова сметка. Тие сметаат дека процесите во Босна и Херцеговина не напредуваат доволно брзо. Германскиот експерт за Балканот Шварц Шилинг имено се обидуваше да се постави како советник на локалните политичари од трите етнии во земјата. Неговите претходници се поставуваа како авторитети и издаваа дури наредби.

За причините за застојот тој вели:

„Постојано зборував дека се‘ додека нема уставна реформа многу е тешко да се води оваа земја кон Европа врз основа на нејзина самостојност. Таа мора да донесува сопствени одлуки, а тоа е тешко во мозаикот на институции и разни гледишта во трите етнии, па во кантоните и уште на сојузно ниво.„

По одлуката за заминување на Кристијан Шварц Шилинг почнува потрагата по негов наследник на тешката функција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми