Дали корона-мерките на веројатната идна владина коалиција во Германија одат доволно далеку? Многумина велат не. Нацрт-законот создава правна сигурност за мерките на сојузните покраини, се бранат трите партии.
Реклама
Социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП) ги отфрлија критиките на нивниот нацрт-закон за времето по вонредната епидемиолошка состојба. „Со законот создадовме правно сигурна основа за сите неопходни мерки“, рече Марија Ана Клајн-Шмајнк од Зелените на заедничката прес-конференција. Предлог-законот на партиите од веројатната идна владина коалиција за борба против пандемијата предизвика незадоволство. Политичарот од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Александар Добринт во изјава за весникот „Аугзбургер Алгемајне“, како премногу ризична ја отфрли одлуката на трите партии да дозволатда истече вонредната епидемиолошка состојба во земјата.
„Политички да се стави крај на вонредната епидемиолошка состојба без да се именуваат вистински соодветни алтернативи, додека хоспитализацијата всушност се зголемува, е сигнал за немање план.“
Кристин Ашенберг-Дугнус од ФДП се спротивстави на ова. „Со крајот на вонредната епидемиолошка состојба, во никој случај не се вели дека короната е завршена“, рече таа. „Сакаме да им дадеме на сојузните покраини можност да ги продолжат на законска основа мерките како што е обврската за носење маска“. Построгите мерки, како што е локдаунот, не се корисни во сегашната ситуација. Затоа, според Ашенберг-Дугнус не е неопходно да се продолжи епидемиолошката вонредна состојба.
Барања за задолжително тестирање на негувателките и медицинските сестри
Социјалното здружение ВдК и Германската фондација за заштита на пациентите побараа дневна обврска за тестирање за сите што работат како негувателки и медицински сестри. Статусот на вакцинација воопшто не треба да игра улога, изјави Ојген Брајш од ВдК.
Нацрт-законот на СПД, Зелените и ФДП во моментов предвидува дека само сите невакцинирани медицински работници треба да се тестираат секојдневно. Сепак, во тек се советувања за тоа до кој степен треба да се тестираат и вакцинираните и луѓето кои прележале Ковид-19, рече Сабине Дитмар од СПД.
Можни се и редовни тестирања два-три пати во неделата, како оние во училиштата. Таа ги отфрла секојдневните тестирања, бидејќи на тој начин невакцинираните ќе бидат третирани на ист начин како и вакцинираните и оние кои оздравеле.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Имплементацијата на правилото 3Г на работното место сè уште е недоразјаснета
Претседателот на Советот на германските градови, Хелмут Деди, во изјава за печатот, инсистира на уште една конференција на премиерите на покраините со сојузните власти околу мерките против пандемијата. „Наместо со денови да се зборува за една таква опција, можеби треба да тоа да се направи и заеднички да се договори стратегија за блиската иднина“, рече тој. Клајн-Шмајнк возврати дека премиерите ќе можат слободно да се состанат во секое време. Според нацрт-законот на СПД, ФДП и Зелените, запирање на драстичното зголемување на бројот на новозаразени од коронавирусот треба да се постигне преку враќање на бесплатните брзи тестови за сите граѓани, таканареченото правило 3Г (оздравени, вакцинирани и тестирани - соодветните германски зборови почнуваат на буквата Г) на работното место, и со финансиска помош за клиниките. Како точно во пракса би изгледала примената на регулативата 3Г на работното место, сè уште не е јасно. „Му наложивме на сојузното министерство за труд и социјала да развие формулација за законскиот текст“, изјави Дитмар.
Во меѓувреме, генералниот секретар на СПД, Клингбајл изрази задоволство од текот на коалициските преговори со ФДП и со Зелените. Во моментов има околу 300 политичари во 22-те работни групи кои дискутираат за своите позиции, рече Клингбајл на радиото Дојчландфунк. Според него, притоа е сосема нормално понекогаш да има и застои, но, убеден е дека специјалистичките групи утре ќе ја завршат работата според планираното.