1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики: САД го напуштаат Советот за човекови права на ОН

ЖА / агенции
20 јуни 2018

САД официјално го откажаа своето членство во Советот за човекови права на ОН, а како образложение наведоа незадоволство од неговата работа. Одлуката наиде на критики во светот

USA Washington Ankündigung Austritt aus UN-Menschenrechtsrat | Nikki Haley
Фотографија: Reuters/T.S. Jordan

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли (на фотографијата) одлуката на САД ја образложи со остри зборови: „Ова дволично и себично тело служи само за исмевање на човековите права. Ова тело не заслужува да го носи тоа име“, изјави Хејли. Американската влада влада претходно често изразуваше незадоволство од Советот за човекови права поради негов наводен антиизраелски став. 

Излегувањето на САД од Советот за човекови права, составен од претставници на 47 држави, е тежок удар против системот на ОН за заштита на човековите права и самата организација на ОН во целина. Членството на САД, според ротациски принцип, завршуваше идната година. Откажувањето на Американците не дојде сосем неочекувано. Амбасадорката Хејли уште пред една година бараше крај на „безмилосната патолошка кампања“ на ова тело против Израел. Таа тврдеше дека Советот за човекови права на ОН редовно го осудува Израел, а ги поштедува авторитарните режими. Таа инсистираше на воведување механизам со кој би се спречил избор во Советот на авторитарно владеани земји како Венецуела, Куба, Кина, Бурунди и Саудиска Арабија, што до денесе не е направено.

Повеќе: 

Доналд Трамп - големиот повлекувач

Трамп им се закани на членките на Генералното собрание на ОН

Од своето стапување на должност, Трамп следи тврда политика кон Организацијата на обединетите нации. Американската влада ги скрати своите придонеси, најави напуштање на Климатскиот договор на ОН и се повлече од Унеско.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази жалење за одлуката на САД да се повлечат од Советот за човекови права на ОН. И комесарот за човекови права Саид Раад ал-Хусеин изрази разочараност од постапката на Вашингтон. Организацијата за човекови права Хјуман рајст воч постапката на САД ја нарече „трагичен одраз на еднодимензионална политика на човекови права“ на земјата која сака по секоја цена да го заштити Израел од секаква критика. Со тоа, САД вртат грб на сите жртви на повреди на човековите права, истакнува ХРВ. Израел пак ја поздрави одлуката на САД. 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми