1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Крокодил“ - опасна дрога од Русија се шири низ Германија

21 октомври 2011

Сиромаштијата и очајот ги наведуваат зависниците на дрога во Русија кон една нова, смртоносна дрога, наречена „крокодил.“ Дрогата толку брзо се шири, што сега се’ почесто ја има и во Германија.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Крокодил“, скратено „крок“, е мешавина од кодеин, бензин, црвен фосфор и тешки метали, и потекнува од Русија. Дејството на овој вид дрога е особено подмолно, бидејќи го „разорува” организмот на зависникот одвнатре. Оној кој нема да умре веднаш по првиот т.н. „шут”, односно консумирање, и продолжи да ја зема оваа синтетичка дрога, почнува да „се распаѓа“ одвнатре. На местата на убодите се создаваат тешко излечиви чирови, околното ткиво изумира, кожата станува сино-зелена и се перута. Токму по овие симптоми дрогата и го добила името.

Доколку погодените не отидат навреме кај лекар и не се подложат на соодветен медицински третман, ткивото продолжува да гние, се‘ додека не почне да паѓа од коските. Комплетно излекување речиси е невозможно. Заболените делови на телото најчесто мора да се ампутираат. Долготрајното консумирање „крок” секогаш завршува со смрт или, пак, откажува црниот дроб, бидејќи не може да се бори со толкава доза на отров. Освен тоа, погодениот може да искрвари до смрт, бидејќи вените почнуваат да се распаѓаат.

Слушнете ја рубриката „Европа“ на Дојче веле.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми