Куба – авион
4 мај 2007Реклама
Во обид за грабнување авион во Куба, загина едно лице. Кубанското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца армиски дезертери сакале да грабнат авион на аеродромот во Хавана за да избегаат во САД. Во текот на акцијата тие убиле еден заложник. Двајцата регрути се уапсени.