1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Куба почна со вакцинирање мали деца

ЕМФ
7 септември 2021

Куба е првата земја во светот која почна со вакцинирање мали деца.

Kuba | Covid-19 Impfung für Kinder
Фотографија: Ramon Espinosa/AP Photo/picture alliance

Вакцинирањето на децата на возраст од две до единаесет години се врши со вакцините Абдала и Соберана, двете развиени во Куба. Вакцините меѓутоа сѐ уште не се признати од Светската здравствена организација.

Поради пандемијата на коронавирусот училиштата во Куба се главно затворени од март 2020 година. Вчера почна новата школска година - на телевизија, поради тоа што само мал број домаќинства во оваа држава имаат интернет-приклучок. Властите планираат да ги отвораат постепено училиштата почнувајќи од октомври, доколку дотогаш бидат вакцинирани сите деца и млади кои би можеле да добијат вакцина.

Во многу други земји во светот веќе се вакцинираат деца над 12-годишна возраст, а некаде се прават и тестови со вакцинации на помали деца. Кина, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела најавија дека наскоро регуларно ќе вакцинираат помали деца.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми