1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куба е пазар со огромен потенцијал

Маделејн Мајер / ЕМФ17 јуни 2015

Куба е единствена земја од Латинска Америка и Карипскиот регион со која ЕУ нема договор за соработка. Сега тоа треба да се промени. Притоа, економските односи се најгоре на агендата.

Фотографија: picture alliance/Robert Harding World Imagery

Кубанските лекари важат за најдобри на светот. Тие се извонредно образовани, но често им недостигаат најнужни работи: лекови, завои и техника. Поради америаканското трговско ембарго и други економски санкции не можеа да се увезуваат многу работи. Сега САД ја олабавија забраната за нивен увоз, а своите трговски врски со островската држава сака да ги надгради и ЕУ.

Куба е пазар со голем потенцијал. Тоа ЕУ го знае, таа се‘ уште е најважниот економски партнер на Куба. Но својата трговија со Куба ја зголемуваат и Кина и земјите од Латинска Америка. Значи, Европа мора да притисне на педалот за гас.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Куба е пазар со огромен потенцијал

01:17

This browser does not support the video element.

Минатата година извозот во Куба забележал намалување. Минусот во споредба со 2013 година изнесува 11%. Европа доставува во Куба на пример индустриски стоки, како машини и медицинска техника.

И увозот на кубански производи е намален, и тоа речиси за половина. Од Куба доаѓаат пред се‘ цигари, рум и никел.

Договорот за асоцијација би требало да е готов до крајот на годината. Но ЕУ постави еден услов - Куба мора да се обврзе на подобра заштита на човековите права.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми