Куба обвинува за лицемерие
12 јануари 2021Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја стави Куба на црната листа на земји кои поддржуваат тероризам.
„Со оваа мерка повторно ќе ја сметаме Куба одговрна и праќаме јасна порака дека режимот на Кастро мора да ја запре својата поддршка на меѓународниот тероризам и субверзијата на американската правда“, наведе шефот на дипломатијата, Мајк Помпео, алудирајќи на поранешните кубански лидери Фидел и Раул Кастро.
Помпео ја обвини Куба дека повеќепати го поддржала меѓународниот тероризам пружајќи им прибежиште на терористи. Поранешниот американски претседател Барак Обама во 2015 година ја симна Куба од овој список.
Повеќе:
-Загонетни звучни напади: САД повлекува дипломати од Куба
-Херојот и диктаторот на Куба- Фидел Кастро
-Колку веќе сега е отворена Куба?
Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, реагираше веднаш и како „политички опортунизам“ ја оцени мерката на администрацијата на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, повторно да ја стави Куба на црната листа на земји кои поддржуваат тероризам.
„Ја осудуваме циничната и лицемерната квалификација на Куба како држава која поддржува тероризам, која ја соопштија САД. Политичкиот опортунизам со оваа мерка го препознаваат сите кои искрено се грижат за сузбивање на тероризмот и за неговите жртви“, напиша Родригез на Твитер.