1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куба: од комунизам во пазарен социјализам

БГ
23 јули 2018

Пратениците во кубанскиот парламент изгласаа нов устав од кој е исфрлен зборот „комунизам“ и се признаваат приватната сопственост и правата на ЛГБТ заедницата. Комунистичката партија сега ќе воведува социјализам

Kuba Havanna Parlamentssitzung zur Verfassungsreform
Фотографија: Imago/Agencia EFE/M. Vazquez

Нацрт-предлогот кој во неделата го изгласаа пратениците во Хавана за првпат вклучува членови кои јасно го дефинираат концептот на приватна сопственост и ги опишуваат странските инвестици како важни за економскиот развој.

Според документот, идниот претседател ќе биде ограничен на два мандати, а функцијата „претседател на републиката“ ќе биде одвоена од претседателот на државниот совет. Со новиот устав се формира функцијата премиер, за првпат од 1976 година. 
Кубанската Комунистичка партија останува единствена партија на карипскиот остров.

Стариот и новиот претседател на Куба, Раул Кастро и Мигел Диаз КањелФотографија: picture-alliance/dpa/EFE/ACN/A. Padrón Padilla

Кубанските граѓани ќе имаат можност да дискутираат за измените на јавни форуми во следните три месеци, а потоа ќе гласаат за нив на референдум.

Бракот ќе биде дефиниран како доброволна заедница меѓу двајца поединци наместо како досега меѓу маж и жена. Вклучувањето на истополовите бракови во уставните измени беше спроведено на иницијатива на Мариела Кастро, ќерка на поранешниот претседател Раул Кастро.

"Adiós Comandante"

00:56

This browser does not support the video element.

Најголемата промена во Уставот е исфрлањето на зборот комунизам, односно заложбата во земјата да се гради социјализам, а не комунизам, иако Комунистичката партија останува недопирлива.
Целта е, преку политички и економски реформи, да се направи одржлив еднопартискиот систем кој веќе неколку децении се соочува со длабоки економски проблеми.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми