Кукан: Ја сакаме Македонија во ЕУ
21 февруари 2011Прашањето за избори е одговорност на политичките институции на земјата, порача Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, по денешната средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.
Кога станува збор за интеграцијата на Македонија во ЕУ Кукан порача: Македонија му припаѓа на европското семејство и доколку името се реши денес Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.
„Пораката од Брисел е: Да, ние ве сакаме во ЕУ, во европското семејство. Знаеме дека предолго чекате на датумот за почеток на пристаните преговори и се надеваме дека ќе биде возможно да започнете со нив“, истакна Кукан во Скопје. Лично мислам дека тоа не е добро само за Македонија и за регионот, туку и за Европската унија, бидејќи не можете да зборувате за обединета Европа без вклученост на земјите од Западен Балкан“, рече Кукан, пренесувајќи ја, како што вели, пораката на Брисел.
Запрашан за искажаните црвени линии од страна на Грција, Кукан рече дека во Европарламентот се надеваат оти името ќе се реши и тоа што поскоро- подобро, но не смета оти е добро вмешување на ЕУ во спорот за името.
„Постојат одредени дебати во Европскиот парламент дека е потребно да се инволвираме како медијатори меѓу двајцата партнери, но лично мислам дека тоа ќе ја искомплицира сегашната ситуација. Се надевам дека ќе се најде начин за да се реши прашањето за името“, рече Кукан.
Автор: ЖА/СН/миа/макфакс/ГП
Редактор: Александра Трајковска