1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курти и понуди „маслиново гранче“ на Србија

БГ /РТР
27 февруари 2020

Новиот косовски премиер Албин Курти денеска најави дека неговата влада делумно ќе ги укине царините од 100% на увозот од Србија, како чекор на добра волја во обид да се рестартираат преговорите.

Kosovo l Albin Kurti wird neuer Ministerpräsident
Фотографија: picture-alliance/AP/V. Kryeziu

Курти најави дека мерката ќе стапи во сила од 15 март и ќе се однесува само на увозот на суровини од соседна Србија. Во замена, Курти бара од Србија да ја сопре кампањата на убедување на земјите кои ја признале независноста на Косово да ја променат својата одлука. Тој го повика Белград да ги отстрани ограничувањата за производи и услуги од Косово.

Доколку Србија позитивно одговори на чекорот на Приштина, Курти најавува дека царините на српските производи ќе бидат целосно укинати до 1 април годинава.

„Нашиот прв чекор е знак на добра волја и подготвеност да се најде сеопфатно решение на политичките, економските и трговските спорови со Србија. Го очекувам истото и од Белград“, изјави Курти на прес-конференција. 
Претходната косовска влада воведе царини од 100% на увозот од Србија во ноември 2018 година, официјално како реакција на блокадите на Србија на членството на Косово во меѓународни организации. Тогашната влада велеше дека царините ќе бидат укинати само доколку Белград ја признае косовската независност.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми