1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курт Бек долго ќе остане на чело на СПД

11 април 2006

Новоименуваниот претседател на германската социјалдемократска партија Курт Бек, најави дека има намера на подолг рок да ја води партијата.

Матијас Плацек (десно) и наследникот Курт Бек
Матијас Плацек (десно) и наследникот Курт БекФотографија: AP

Тој ги отфрли шпекулациите дека станува збор за преодно решение по ненадејното повлекување на Матијас Плацек од челната функција во партијата, посочувајќи на примерот на Хелмут Кол, кој исто така дојде од покраинската влада во Мајнц, но потоа цели 16 години беше на чело на германската сојузна влада и дури во историјата влезе како „канцелар на германското повторно обединување„.

Што се однесува до неговите планови да стане и иден кандидат на СПД за канцелар, Курт Бек во телевизиското интервју посочи дека во принцип претседателот на партијата има предност кога е во прашање канцеларската позиција. Но, тој исто така нагоаси дека сега е прерано да се шпекулира околу тоа прашање, бидејќи следните избори претстојат дури по три години.

Бек се заложи за проширување на профилот на социјалдемократската партија бидејќи традиционалните избирачи од милјето на работниците во последните години драматично се намалува. Тоа значи дека партијата мора да се отвори за инжењери, за лекари и адвокати, при што социјалдемократите не смеат никогаш да заборават дека треба да ги застапуваат интересите на обичните граѓани.

На прашањето дали на СПД сега не и‘ е повеќе потребна личност со остар профил, отколку политичар способен да бара компромиси, за каков што слови тој, Курт Бек во интервјуто за Првата програма на германската ТВ одговара:

„Сметам дека застапувањето јасна позиција и способноста за склучување компромиси не се исклучуваат меѓусебно. Во голема коалиција човек мора да биде подготвен и способен да прави компромиси, но во исто време тоа не значи дека мора да се откаже од јасните позиции.„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми