Курт Бек e избран за нов лидер на СПД
14 мај 2006�рламент.
Со растреперен глас и солзи во очите Матијас Плацек денеска се прости со лидерската функција во партијата, одлука што поради здравствени причини ја донесе сам и која како што рече му била најтешката во животот. Плацек од социјалдемократите побара офанзивен пристап кон општествените проблеми. Кој е дефанзивен, загубил, рече пред 525 делегати на конгресот досегашниот претседател на СПД, кој на чело на партијата беше само неколку месеци.
Делегатите на конгресот гласаа за нов лидер попладнево. Курт Бек, кој освои 95% од гласовите, во својот говор денеска во Берлин, рече дека СПД ќе биде партнер од доверба во големата коалиција и на своите сопартијци им се заколна дека ќе работи на враќање на СПД кон нејзините корени. Тој им префрли на партиите од унијата, ЦДУ и ЦСУ, дека во нивната политика ги спротивставуваат слободата и праведноста. Тоа е погрешна ориентација. Ние ги сакаме двете, рече Бек. Според Бек, социјалдемократската партија мора да го покрие левиот политички спектар, и индиректно позиционирајќи се против Партијата на левицата, потенцираше дека не смее да има партија која ќе стои полево од СПД. Тој ги повика сопартијците на единство и рече дека кога имал дилема дали да се зафати со новата функција, го прашал за мислење и својот 84 годишен татко. А, тој му одговорил....
“Момче, тоа е едно големо градилиште. .....И, имаше право, драги другарки и другари. Затоа што ова е големо градилиште, знаеме дека да напредуваме можеме само со заеднички сили.“
Курт Бек е осми лидер на СПД во последните 20 години. Наследството му е тешко, но тој на прашањето колку долго самиот ќе се задржи на функцијата, одговара: “Низа години, во секој случај.“