Катастрофи
Кусо, но тешко невреме во Романија
18 септември 2017Реклама
Бројот на повредени во невремето, според различни медиумски извештаи, се движи меѓу 60 и 80. Во регионот на Темишвар ветрот корнеше дрвја, нанесе големи штети на објектите и превртуваше автомобили.
„Да, беше многу лошо. Бурата го корнеше покривот, беше навистина лошо“, вели една жена, а друг жител во ргеионот објаснува: „Тешката бура го урна покривот. Собори сѐ за, да речеме, помалку од 10-15 минути.“
Во многу места беше прекинато снабдувањето со електрична енергија, а прекини имаше и на железничкиот сообраќај.