Кучан: Замина една од најголемите фигури во екс Југославија
2 јануари 2012 Со смртта на Глигоров замина една од најинтересните и најголемите фигури која ја обликуваше историјата во поранешна Југославија, оцени поранешниот словенечки претседател Милан Кучан.
Според Кучан, Глигоров бил голем Македонец и борец за национална и социјална слобода на неговиот народ. Беше голем и убеден Европеец и човек кој ги разбираше законитостите на развојот на глобализираниот свет, свесен за неговите предности, но и замките кои тој ги криеше за малите нации.
„Неговото искуство, неговото знаење за животот во Југославија, му овозможи во тие последни месеци од поранешна Југославија на состаноците на шестмината републички претседатели со леснотија да ги застапува позициите на Македонија, но во истовреме со тоа да ни помогне и нам да ги обликуваме нашите словенечки стојалишта и барањата за самостојност“, изјави Кучан за словенечката државна телевизија.
Автор: БГ/ртвсловенија
Редактор: А. Трајковска