1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кушнер во Бејрут

29 јули 2007

*

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер предупреди на опасноста од нова граѓанска војна во Либан. Доколку политичките лидфери не седнат на преговарачка маса и разговараат за крај на осуммесечната политичка криза, можни се нови судири, предупреди Кушнер во Бејрут по разговорите со либанскиот премиер Фуад Сињора. Либан е во криза откако петмина министри, преставници на шиитите го напуштија кабинетот. Опозицијата предводена од Хезболах бара формирање на влада на национално единство во која опозицијата ќе има право на вето. Во меѓувреме радикалното движење Хезболах изјави дека двајцата киднапирани израелски војници, кои се во заложништво повеќе од една година, ќе бидат ослободени единствено по пат на размена на затвореници. Ова во телевизиско интервју го изјави лидерот на организацијата, Шеикот Хасан Насрала.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми