1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР им постави ултиматум на Србите на северот на Косово

16 октомври 2011

Главната команда на КФОР во Приштина соопшти дека по мирен пат в понеделник ќе ги отстрани барикадите на северот на Косово, доколку дотогаш тоа не го стори населението.

Командант Ерхард ДревсФотографија: DW

Вo конфликтот околу нелегално поставените улични барикади на северот на Косово НАТО им постави ултиматум на тамошните Срби. Германскиот командант на трупите на КФОР, Ерхард Древс побара „безусловен и траен пристап“ до српската граница. Доколку барикадите не бидат отстранети викендов, КФОР ќе го стори тоа в понеделник, нагласи Древс.

Претходно на состанокот на командантот Древс со претставниците на општините Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ не бил постигнат договор за отстранување на барикадите, меѓутоа и двете страни се согласиле дека населението, КФОР и Еулекс имаат право на слобода на движење.

КФОР ќе ги остранува барикадите ако Србите не го сторат тоаФотографија: picture-alliance/dpa

„Мандатот на КФОР е да одржи мир, и сигурност и слобода на движење за сите на Косово. КФОР ќе продолжи тоа да го прави посветено, внимателно и непристрасно во согласност со мандатот кој го има од ОН“, се вели во соопштението на КФОР.

На северот на Косово на границата кон Србија со месеци е затегната ситуацијата. Поради трговскиот спор меѓу Србија и Косово, Приштина воведе забрана за увоз на српски стоки на Косово, по што се разгоре и спорот околу контролата на границата.

Автор: АТ/ дв/ бета

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми