1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР не сака да разговара со српски претставници

1 август 2011

Командантот на КФОР на Косово, Ерхард Билер одби да се сретне со српски претставници кои нелегално влегоа на косовска територија. Косовскиот министер за внатрешни работи Реџепи најави нивно апсење

Локалните Срби ги блокираат приодите кон граничните премини од Косово кон СрбијаФотографија: dapd

Првиот човек на воената мисија на НАТО на Косово, Ерхард Билер нема да се состане со претставниците на српската Влада Борислав Стефановиќ и Горан Богдановиќ бидејќи тие илегално ја минале косовската граница, соопшти КФОР во Приштина.

Претходно, косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека претставници на српската Влада илегално престојуваат во северно Косово и оти е можно ниво апсење и протерување во Србија.

„Доколку државниците на Србија сакаат да го посетат Косово, тие треба да упатат барање до меѓународната цивилна канцеларија, која ни го проследува барањето и ние потоа одлучуваме за него“, појасни Реџепи.

Претставниците на српската Влада, Стефановиќ и Богдановиќ пристигнаа доцна синоќа во Косово, каде ги посетија Србите кои се наоаѓаат на барикадите во северно Косово. Тие не биле пуштени да влезат во Косово на граничниот премин Брњак од страна на КФОР, по што користеле „алтернативни премини“.

Приштина бара повлекување на Стефановиќ

„Српските официјални лица кои илегално, без дозвола од косовската влада
престојуваат на Косово и учествуваат во насилството, не може да бидат
преговарачи во дијалогот“, изјави пак Едита Тахири, шеф на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград. Таа меѓутоа рече дека косовската Влада се‘ уште не одлучила дали и официјално ќе побара од ЕУ да го исклучи главниот српски преговарач Борислав Стефановиќ од дијалогот во Брисел.

Тахири го обвини Стефановиќ дека е „еден од високите српски преставници, вмешани во палењето на административниот премин Јариње“. Државниот врв на Србија, вклучувајќи го и Стефановиќ, повеќе пати ги отфрлаа овие обвиненија.

Автор:СН/ГЧ/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми