КФОР: Ситуацијата на Косово е стабилна
1 февруари 2007Командантот на мултинационалните сили во јужниот сектор на покраината, германскиот генерал Јоаким Фрулих, оцени дека ситуацијата во покраината е мирна. Силите на КФОР го контролираат делот кон границата со Македонија и се подготвени да интервенира доколку за такво нешто има потреба: „Во моментов немаме никакви индиции и закани дека ќе дојде до евентуални немири. Доколку нешто се промени и дојде до влошување на состојбата ние заедно со припадниците на косовските полициски сили соодветно ќе одговориме на тоа. Меѓутоа јас сум убеден дека нема да има никакви проблеми“ изајви генерал Фрулих во Призрен
Косовската влада за утре закажа вонредна седница, која ќе се одржи веднаш откако Марти Ахтисари ќе го изнесе предлог решението за статусот на покраината.