1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР ја презеде контролата на преминот Јариње

9 ноември 2011

Припадниците на КФОР утрово ја зазедоа барикадата кај граничниот премин Јариње и моментно го контролираат овој простор. КФОР во текот на акцијата употреби солзавец за да ги натера Србите да се оддалечат од барикадите.

Нов обид на КФОР за расчистување на барикадите во северно КосовоФотографија: dapd

Војниците на меѓународните сили поставиле бодликава жица пред барикадите и на тој начин го попречија патот Лепосавиќ-Рашка.

КФОР во текот на денешната (09.11) акција употреби солзавец за да ги натера Србите да се оддалечат од барикадите. Двајца Срби се приведени во базата на КФОР кај Јариње, а по еденипол час се ослободени.

Претседателот на општината Лепосавиќ Бранко Ниниќ изјави дека граѓаните од северно Косово ќе продолжат со мирен отпор против воспоставување на приштинските институции на премините. Тој истакна дека припадниците на КФОР без повод употребиле солзавец.

Барикадите во северно Косово опстојуваат повеќе месециФотографија: picture-alliance/dpa

Србите веднаш поставија нова барикада

КФОР, исто така, блокираше и два алтернативни патишта покрај преминот Јариње и реката Ибар, кои водат од Лепосавиќ кон Рашка.

Србите по акцијата на КФОР растоварија неколку камиони со песок и направија нова барикада и моментно се на околу 100 метри од оваа барикада.

Војниците на КФОР по акцијата излегоа од базата „Нотинг хил“ кај Лепосавиќ со неколку возила и се распоредени на магистралниот пат кон Косовска Митровица.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми