1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

КјурВак недоволно ефикасна, дозволата за Спутник се одлага

ЕМФ / дв
17 јуни 2021

Катастрофален резултат за ефикасноста на вакцината КјурВак - само 47%, покажа една меѓустудија. Вакцината Спутник V, пак, летово најверојатно нема да добие дозвола од ЕМА, јави Ројтерс.

Symbolbild CureVac Impftsoff
Фотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/imago images

Вакцината на КјурВак од Тибингендолго време важеше за носител на надеж во борбата против пандемијата. Дотолку поголемо е сега разочарувањето по објавувањето на најновите резултати од една меѓустудија. Според нив, вакцината има „ефикасност од 47% против корона-заболување“.

Тоа значи дека препаратот не ги исполни зададените статистички критериуми за успех, соопшти фармацевтската компанија, која во развојот на вакцината соработува со фармацевтскиот џин Бајер. Првите анализи покажале дека ефикасноста зависи од старосната група и сојот на вирусот. Студијата ќе продолжи сѐ додека не се направи целосна анализа се вели од компанијата.

ЕУ осигура 405 милиони дози од вакцината КјурВак. Министерството за здравство на Германија најавуваше дека оваа вакцина ќе ја вклучи во процесот на вакцинирање веднаш по добивање на дозволата. Министерот за здравство Јенс Шпан сега зборува за „едно од поголемите разочарувања“.

Фотографија: ANDREJ ISAKOVIC/AFP

Спутник V летово не доаѓа во ЕУ?

Во меѓувреме, агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на инсајдерски информации, јави дека дозволата за руската вакцина Спутник Vво ЕУ значително ќе се одолговлече.

Во германски владини кругови се зборува за тоа дека дозволата ќе се одолговлече „веројатно до септември, а можеби дури и до крајот на годинава“, јави агенцијата. Според неименуван извор, близок на постапката на издавање дозвола, во ЕМА не се доставени неопходните податоци од клинички студии, кои во Европската агенција за лекови требало да пристигнат до 10 јуни. Рускиот државен фонд РДИФ, кој ја дистрибуира вакцината Спутник, пак, нагласи дека сѐ оди според временскиот план и дека европска дозвола може да се очекува во рок од два месеца. ЕМАзасега нема официјална изјава на оваа тема.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми