Лавров бара продолжување на примирјето во Украина
27 јуни 2014Примирјето го прогласи украинскиот претседател Петро Порошенко на 20 јуни за период од седум дена. Седумдневното примирје на истокот на Украина истекува денеска. Затоа Лавров во телефонскиот разговор со Кери побарал негово продолжување и се заложил за започнување на директни разговори меѓу завојуваните страни, врз основа на резултатите од првите консултации меѓу Киев и проруските сепаратисти од југоисточните региони на Украина, одржани во Доњецк на 23 јуни.
Во меѓувреме, на истокот на Украина се случи ослободување на еден од двата набљудувачки тима од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кои беа во заробеништво речиси два месеца. ОБСЕ потврди дека се ослободени четири члена на нејзината набљудувачка мисија кои беа киднапирани во Доњецката област.
Втората група од четворица набљудувачи, исчезнати во Луганската област, се’ уште не е ослободена.