1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров за нови директни преговори меѓу Србија и Косово

18 јули 2008

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот српски колега Вук Јеремиќ оценија дека промена на меѓународното присуство на Косово е можна само со одобрение на Советот за безбедност.

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на РусијаФотографија: AP

Спорот околу независноста на Косово, според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров може да биде решен само преку взаемно прифатливо решение за двете страни во конфликтот. За таа цел Русија се залага за нови директни преговори меѓу Србија и Косово, рече вчера Лавров во Москва, по средбата со неговиот српски колега Вук Јеремиќ.

Русија веќе подготви предлог којшто го прошири во Советот за безбедност на ОН. Во однос на планирнатата ЕУ Мисија Еулекс на Косово Лавров нагласи „Русија и Србија се загрижени за обидите да се смени форматот на меѓународното присуство на Косово. Позади овие обиди гледаме настојување, да се легализира структура според планот на Ахтисари, кој бара сувереност на противправно создадена творба. Рускиот предлог, кој Москва веќе подолго време го пласира во Советот за безбедност на ОН и натаму е многу актуелен: Нови директни преговори меѓу Србија и Косово се неопходни.“ нагласи Лавров

Лавров и Јеремиќ во разгoворите оценија и дека прoмената на меѓунарподното присуство на Косово е можна само со одобрување на Советот за безбедност и пoчитување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми