1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров се закани со прекин на односите со ЕУ

Сузане Ајкенфондер
12 февруари 2021

Случајот со затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, доведе до големи проблеми во односите помеѓу ЕУ и Русија. Од Москва сега доаѓа нова закана.

Ruslland PK Sergei Lawrow und Josep Borrell
Фотографија: Russian Foreign Ministry/REUTERS

Руската влада размислува за прекин на односите со Европската унија доколку се донесат нови ЕУ-санкции. „Не сакаме да се изолираме од животот во светот, но мора да бидеме подготвени за тоа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во објавен дел од емисија со рускиот новинар Владимир Соловјов, кој важи за влијателен глас на пропагандата на Кремљ. „Ако сакаш мир, подготвувај се за војна“, додава Лавров. Доколку Европа повторно воведе санкции, „кои претставуваат ризик за нашата економија (...), тогаш да“, одговара рускиот министер за надворешни работи на прашањето на Соловјов дали се оди кон прекин со Брисел.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков додаде: „Работата е дека ние тоа не го сакаме. Сакаме да ги надградуваме односите со Европската унија, но ако Европската унија тргне по тој пат, тогаш да, подготвени сме“, изјави Песков. 

Односите помеѓу Кремљ и ЕУ достигнаа ново дно поради пресудата против рускиот опозиционер Алексеј Навални. Пред една недела Русија протера тројца дипломати на ЕУ токму во моментите кога првиот дипломат на Унијата, Жозеп Борел во Москва правеше обиди за посредување. Уште во текот на посетата на Борел, Лавров ја критикуваше отворено ЕУ, што подоцна во Европа доведе до огромни критики на сметка на однесувањето на Борел.

Повеќе:

Шлаканици од сите страни: Леден прием на Борел по посетата на Москва

ЕУ и Борел посрамотени во Москва

Остри критики за пресудата за Навални и задушувањето на протестите

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на 22 февруари би требало да разговараат за натамошни санкции против Русија поради случајот Навални. Поради напад со отров врз Навални во август 2020 година, ЕУ минатата година одлучи да ги замрзне имотите и да воведе забрана за влез за лица од опкружувањето на рускиот претседател Путин за кои постои сомневање дека се одговорни за случајот. 

Алексеј Навални во суд во Москва (12.02.2021)Фотографија: Babushkinsky District Court of Moscow/REUTERS

Тројца ЕУ-дипломати во разговор за Ројтерс велат дека се планира натамошно замрзнување на сметки и забрани за влез. Франција и Германија неодамна сигнализираа поддршка за санкции.

На почетокот на неделава Леонид Волков, човек од доверба на Навални, соопшти дека со претставници на ЕУ разговарал за можни санкции против приврзаници на Путин. Тој на мрежата Телеграм како цел на можни санкции ги наведе, меѓу другите, олигарсите Роман Абрамович и Алишер Усманов, телевизискиот водител Владимир Соловјов, банкарот Андреј Костине и поранешниот висок владин службеник Игор Чувалов.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми