1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Лавров: Русија ќе протера британски дипломати

СН/ агенции
16 март 2018

Како реакција на британските санкции во аферата со нападот со нервен гас врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, Москва ќе возврати најнапред со реципрочна мерка- протерување на британски дипломати.

Sergei Lawrow russischer Außenminister
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Zemlianichenko

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска најави дека Русија ќе го направи тој чекор. „Ќе го сториме тоа, се разбира“, одговори Лавров на новинарското прашање: дали Русија ќе протера британски дипломати?, кое му беше поставена во касахстанска Астана каде се одржува самит за Сирија. Лавров, не сакаше да даде натамошни детали за тоа. Рускиот амбасадор во Велика Британија, Александар Јаковенко пак најави дека неговата земја ќе изврши максимален притисок врз британската влада.

Фотографија: picture-alliance/dpa/PA Wire/A. Matthews

Велика Британија во реакцијата на нападот врз Скрипал и неговата ќерка во Солсбери извршен со нервниот гас Новичок, развиван за воени потреби во средата (14.03.) протера 23 руски дипломати од земјата. Британската премиерка Тереза Меј најави и други сеопфатни санкции против Москва. 

Повеќе на темата:

-САД со поддршка за Меј против Русија

-По труењето на Скрипал: Лондон протера руски дипломати

-Агенти и одмазда: смениш ли страна, те чека отров

Во заедничка изјава британската позиција во аферата Скрипал ја поддржаа и владите на Германија, САД и на Франција. Лондон истакна дека зад нападот врз поранешниот двоен агент најверојатно стои Русија. Нема друго логично прифатливо решение, порачаа американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничката изјава.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми