Лажен аларм: „избеганите“ диви животни зад решетки
1 јуни 2018
Диви животни од зоолошка градина во Линебах за кои беше јавено дека избегале, се зад решетки. Стануваше збор за , додека една мечка е убиена.
Реклама
Неколкуте опасни диви животни, за кои денеска беше јавено дека избегале од една зоолошка градина во германската покраина Рајнланд Пфалц, се во своите оградени живеалишта, соопшти портпарол на регионалната управа од Битнург во Ајфел. Станува збор за една мечка, два лава, два тигри и еден јагуар. Мечката била убиена уште на почетокот на акцијата за фаќање на животните, во која учествувале и ловци.
Се сметаше дека животните од Ајфеловата зоолошка градина во Линебах избегале. Овој регион, како последица на синоќешното невреме, бил поплавен, а притоа дел од оградите на зоолошката градина биле разлабавени. До населението беше упатена покана да не ги напушта домовите додека трае опасноста. Но, подоцна преку снимки од дрон беше утврдено дека дивите животни за кои се сметаше дека избегале, всушност се наоѓале засолнети во своите живеалишта. Зоолошката градина во Линебах, која е во приватна сопственост, располага со околу 60 примероци од егзотични и домашни животински видови. На површина од околу 30 хектари има вкупно 400 животни, меѓу кои и сибирски тигар и лавови.
Тигри и лавови на улиците на Тбилиси
Тигри, лавови, мечки, нилски коњ и други животни излегоа од кафезите во зоолошката градина во грузискиот главен град Тбилиси, откако големо невреме ги уништи оградите. Во невремето животот го загубија најмалку 10 лица.
Фотографија: Reuters/B. Gulashvili
Во бегство
Зоолошката градина е во најголем дел уништена. Најмалку шест тигри, осум мечки и шест лавови побегнале од своите кафези.
Фотографија: Reuters/B. Gulashvili
Смрт и уништување
Најмалку десет лица го загубија животот во поплавите, меѓу нив и двајца вработени во Зоолошката градина. Не е познато колку лица се исчезнати. До жителите на Тбилиси е упатен апел да не ги напуштаат своите домови, со оглед на тоа што не е јасно уште колку животни талкаат по улиците на градот.
Фотографија: Reuters/I. Gedenidze
Пронаоѓање и успивање
Од безбедносни причини припадниците на специјалните единици на Грузија и полицијата убија неколку волци и други животни. Дел од животните се успиваат и се враќаат во Зоолошката градина.
Фотографија: Reuters/B. Gulashvili
На прозорецот има мечка
Кога водата го поплави Тбилиси и уништуваше се‘ пред себе, од Зоолошката градина избегаа и мечки. Дел од нив се фатени, дел се‘ уште се на отворено. Хеликоптери кружат постојано во потрага по избеганите диви животни.
Фотографија: Reuters/Georgian Prime Minister`s Office/B. Gulashvili