Ширењето лажни вести преку социјалните медиуми е лесно. Таков случај е и објавата на грчкиот премиер Ципрас на Фејсбук за средбата со Заев. Автоматскиот превод помогна да се креира лажна вест - дека тој напишал дека имал средба со македонскиот премиер. Ципрас пишувал на грчки, а Фејсбук привремената референца ПЈРМ од грчки ја превел на англиски како - Македонија.