1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Лаутербах: Германија е соочена со голем петти корона-бран

ЕМФ | дпа
18 декември 2021

Германската влада сака го спречи најлошото со вакцинирање со бустер доза. Не се исклучуваат и нови политички одлуки откако експертите кои ја советуваат владата ќе ја проценат опасноста од новата корона-варијанта.

Deutschland | Coronavirus | PK Karl Lauterbach
Фотографија: Omer Messinger/Getty Images

Поради новата варијанта на коронавирусот,Омикрон, Германија е соочена со „масивен петти корона-бран“, вели министерот за здравство Карл Лаутербах. Омикрон-бранот може да се одложи, но не и да се спречи, изјави Лаутербах. Тој најави дека е можно да бидат донесени нови политички одлуки откако експертите кои ја советуваат владата ќе го кажат своето во врска со опасноста од новата корона-варијанта.

„Мора да сметаме со тоа дека Омикрон-бранот пред кој сме исправени, а кој според мое мислење не може да се спречи, ќе претставува голем предизвик за нашите болници, за нашите одделенија за интензивна нега, но и за општеството во целина“, вели германскиот министер за здравство, додавајќи дека таков предизвик досега во пандемијата не е виден. Она што сега се случува во Велика Британија, вели Лаутербах, го надминува сето она што досега е видено во текот на пандемијата. „Единственото нешто што штити од тежок тек на болеста при инфекција со Омикрон е бустер-вакцина“, тврди Лаутербах.

Вакцинирање со бустер-доза штити од тежок тек на болеста при инфицирање со Омикрон, вели ЛаутербахФотографија: Sascha Steinach/dpa/picture alliance

Во четвртокот (16.12) беше објавено дека се планира предвремена набавка на 35 милиони дози од вакцината Модерна. „На тој начин ќе можеме да спроведеме бустер-кампања“, рече Лаутербах и ги повика лекарите и центрите за вакцинација сега да вакцинираат првенствено со Модерна. Но, додека трае давањето на бустер-дозите, треба да се направи сѐ за да се забави ширењето на Омикрон. „Важен е секој вид на успорување на бранот којшто можеме да го искористиме за во тоа време да вакцинираме што поголем дел од населението“, порачува министерот за здравство.

Автобус за вакцинирање: Трка со времето

02:02

This browser does not support the video element.

Досега бустер-дози имаат добиено 24,1 милиони граѓани, односно 29% од населението. Иако бројот на новоинфицирани во периодот од 6 до 12 декември се намалил за 13% во споредба со неделата пред тоа, оптовареноста на болниците и одделенијата за интензивна нега е еднакво голема, соопшти институтот „Роберт Кох“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми