Лајчак: Босна не е невозможна мисија
1 јули 2007Зборува тивко со пригушен глас, така што човек мора внимателно да го слуша. Мирослав Лајчак е дипломат кој знае што може.
“Имам искуство, одредени сознанија и намери за тоа како да се влијае врз работите и убеден сум дека е секогаш подобро да се проба отколку да се критикува она што е направено погрешно”.
Дека должноста, висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина е неблагодарна работа, Лајчак знае најдобро од сите. Овој 44 годишен татко на две ќерки важи за добар познавач на Балканот. Претходно беше словачки амбасадор во Белград, а претходно дел од различни мисии во регионот. Последната должност на која беше е личен претставник на ЕУ дипломатот Солана, кој посредуваше во спорот меѓу Србија и Црна Гора и го надгледуваше црногорскиот референдум. И Босна нема да биде невозможна мисија, вели Лајчак.
“Не постои невозможна мисија. Кога пред една година дојдов во Црна Гора, некои ми рекоа дека е тоа невозможна мисија. Но, се покажа дека е возможна”.
Лајчак е првиот словен на должноста во Босна:
“Тоа не е недостаток. Напротив е предност”, вели Лајчак не мислејќи само на јазикот во земјата кој одлично го говори.
”Со себе носам сосема друг бекраунд: јас сум првиот висок претставник од новите земји членки на ЕУ. Ние денеска сме дел од Унијата, но не забораваме кои се проблеми моравме да ги решиме за да станеме дел од неа. Тоа не може да се прочита во книгите. Не треба да се премине и фактот дека формирањето нови држави им е заедничко на земјите од поранешна Југославија и Словачка. Тоа ќе ни помогне за да разбереме што се случувало таму.”
Дејтонскиот договор на високиот претставник му дава речиси неограничена власт со која со декрет може да наметнува закони и менува политичари. Не е ни чудо што некои од неговите пртетходници беа нарекувани “диктатори”.
“Еден висок претставник би требало да биде како судија на фудбалски натпревар. Не тој да се истакнува, бидејќи гледачите не се дојдени да го гледаат него. Сепак, мора остро да реагира кога ќе се случи фаул. Мора да го исклучи од игра, играчот кој игра само за да ги блокира соиграчите или противниците. Најдобар судија е оној кој знае да процени, а кој не се става себе си пред играчите”, вели Лајчак.
Тој мора да му стави крај на затишјето кое неговиот претходник, Германецот Кристијан Шварц Шилинг го стави во резигнирана позиција. Мора да се заврши со остатоците од военото минато на земјата и да се казнат виновниците. Тој треба да ги увери Бошњаците, Србите и Хрватите дека земјата мора да се реформира. Целта се вика ЕУ:
“Мора да се спроведат повеќе реформи, пред се реформа на Уставот. Сегашниот Устав е воен имал за цел завршување на војната. Денеска дванаесет години подоцна, пред државата стојат нови предизвици. Босна мора да се интегрира во ЕУ.”
Со нему својствената леснотија и специфичен начин на справување со нештата, тој сака да ја постигне оваа цел. Дали Лајчак ќе биде последниот висок претставник на меѓународната заедница?
“Моите двајца претходници ја презедоа оваа должност бидејќи сакаа да бидат последни, па поради тоа не би сакал да зборувам на оваа тема. Тоа е неважно. Најважно е на Босна и Херцеговина, како на земја да и тргне на подобро и да оди напред”.