Левиот центар победи на изборите во Словенија
5 декември 2011„Досега го имавме времето на Јанез Јанша и Борут Пахор, а сега сакаме демократска, но ефикасна држава“, порача Јанковиќ. Популарниот милионер изненади со победата на словенечките избори. Партијата беше формирана пред два месеци специјално за вчерашните избори и успеа да ја победи Словенечката демократска партија на Јанез Јанша. Социјалдемократите на премиерот Борут Пахор завршија на третото место.
Градоначалникот на Љубљана е поранешен менаџер на најголемиот словенечки синџир за продажба на храна, Меркатор. Сепак, неговата популарност не му донесе доволно гласови за формирање влада без коалиционен партнер.
„Формирањето на коалицијата ќе биде тешко. Јанковиќ ќе треба да понуди коалиција на сите мали партии во парламентот, а разликите се големи“, проценува политичкиот коментатор, Тања Стариќ.
Словенечкиот парламент брои 90 членови. Во него влегуваат и четири мали партии и по еден претставник од унгарското и италијанското малцинство.
Автор: Александар Методијев /афп/ртр/миа/
Редактор: Е.М. Фиданоска