1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ледено време во Русија

21 јануари 2006

Со дебели ракавици, шубари, капути и водка граѓаните на Русија се обидуваат да се справат со ледената зима. Дизел горивото во нивните автомобили се замрзнува, а домовите кои неамаат изолациони прозорци наликуваат на фрижидер: Русија деновиве доживува најстудената зима во последните децении.

Замрзнат автомобил во Русија
Замрзнат автомобил во РусијаФотографија: AP

Температурата во Москва е само два степена пониска од онаа на Антарктикот – но таму во моментов е лето. Луѓето во Москва се шегуваат дека температурите во нивниот град се повисоки од курсот на доларот, а пониски од курсот на еврото во Русија. Доларот чини 28,6 рубљи а еврото 34,4.

Но тука завршуваат шегите, луѓето се справуваат со сриозни проблеми во домовите нема постојано струја.

„Се посчесто се исклучува струјата. Понегоаш за половина час, понекогаш тоа трае цел час. Се разбира постојано телефонираме со одговорните власти.“ вели еден граѓанин

Тие навистина се обидуваат да ги решат проблемите

„Наша главна задача е гаранитараме за грејните системи во ходниците на зградите. Температурата на воздухот во домовите не ретко е 10 степени плус.“

Поради студеното време граѓаните мора да се снајдат и да ги искористат сите можни извори на топлина

„Прво што правам кога ќе се вратам од работа е да го згреам станот со гас.“

Луѓето во Русија деновиве како извор на топлина ги користат и шпоретите на гас. Домашните се менуваат и стражарат поред пламенот. Студеното време и ниските темератури се причина луѓето да останат во своите домови, училиштете се отворени но учениците не мора да одат на настава, надвор излегуваат само оние кои навистина мораат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми