1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Лекарска комора: Пријавете ги оние кои шират шпекулации

25 август 2021

Здравствените работници да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија, порачува Лекарската комора. Ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат таквите случаи.

Nordmazedonien Skopje | Coronavirus | Erste Impfung
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Објавувањето шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот од страна на медицински работници треба да сопре, апелира Лекарската комора. Реакцијата доаѓа по бројните постови на социјалните мрежи и изјави во медиуми од страна на доктори кои го негираат постоењето на коронавирусот или шират дезинформации за вакцинацијата.

На Фејсбук и другите социјални мрежи постојано циркулираат ставови на доктори, медицински персонал и лица кои се претставуваат како такви, со кои се оспоруваат бројни аспекти на пандемијата- од самата болест до вакцинацијата.

„Здравствените работници треба да споделуваат ставови кои се базираат на научно докажани факти и да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија“, порачуваат од Комората.
Тие повикуваат да се пријавуваат кај нив случаите кои „шират псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата, ефектот од почитување на мерките за заштита и опасноста од вирусот“.

Од Лекарската комора наведуваат дека вакцинацијата е најефикасното решение за заштита од вирусот, која значително ги намалува шансите за да настане инфекција како и компликации од болеста.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми