1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Лекови за Ковид-19 уште годинава

ЕМФ | дпа
11 април 2020

Кога ќе биде дадена дозвола за лекови за Ковид-19? Веројатно многу побргу отколку за вакцина.

Deutschland Symbolbild Corona-Test in München
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Претседателот на германскиот Сојузен институт за лекови и медицински продукти (БфАрМ), Карл Бројх, ги потврди проценките на експертите дека дозвола залекови за Ковид-19 би можела да биде дадена веќе годинава. „Сметам дека до крајот на летото ќе ги добиеме првите релевантни резултати од истражувањата кои се спроведуваат во моментов“, изјави Бројх за весникот „Генерал Анцајгер“. „Доколку податоците тоа го потврдат, многу сум уверен дека ќе може да дадеме дозвола уште во текот на оваа година“, потенцира тој.

Бројх додава дека досега нема доволно докази за ефикасност на ниту еден лек. Позитивните знаци кај Ремдесивирот би требало да се земат со резерва: „Во моментов за ниту еден лек не би можело да се дадат изјави за неговата ефикасност против Ковид-19“, велат во БфАрМ и потенцираат дека мора да се сочекаат резултатите од тековните клинички тестирања.

Експертите и онака не очекуваат чудесни средства со извонредно дејство. Вистинската помош во борбата против Ковид-19 веројатно ќе дојде дури со вакцината, за која меѓутоа се смета дека ќе добие дозвола дури за една година.

Борбата против Ковид-19 во германските болници

01:21

This browser does not support the video element.

Развојот на сосема нов лек за специфични инфекции вообичаено трае повеќе години. Обемни се пред се’ клиничките тестирања на луѓето. Затоа во моментов многу напори се концентрираат врз лекови кои веќе се во развој за други болести или кои дури и имаат дозволи за други сфери. Нивната примена би можела да се случи порано отколку во случај на развој на нов лек.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми