1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лене: Независноста на Косово не е единствена опција!

22 ноември 2005

Стефан Лене е пратеник на ЕУ во преговорите за Косово. Тој своевремено учествуваше и во разрешувањето на кризата во Македонија.

Косово
Косово

Претстојниот почеток на преговорите за решавање на статусот на покраината беше повод Дојче Веле да го праша: кои ставови ќе ги застапува тој и неговиот тим ?

,, Мислам дека овие преговори како прво и основно мора да се фокусираат на вистинските интереси на различните ентитети во Косово, осносно на темите како што се децентрализацијата, заштита на религиските права, слободата на движењето, гаранциите за враќање на бегалците. Мислам дека доколку овие работи, кои се во тесна поврзаност околу етничките заедници на Косово се приоритети на преговорите, тогаш шансите за да успее овој процес се уште повисоки.“

-Дали целосна независност на Косово е реална опција за покраината?

,, Европската Унија нема прецизни опции за конечниот статус. Не сакаме Косово да се врати на ситуацијата од 1999 та година, не сакаме Косово да биде поделено, не сакаме Косово да влијае на состојбите во ниту една од другите земји во регионот. Независноста за покраината е на преоварачката маса, тоа е една од опциите која не е исклучена, но не е единствена опција како таква“

-Кои се очекувањата на Србите и косовските Албанци во овие преговори?

,, Очекуваме сите страни во процесот да бидат сериозно вклучени, да даваат предлози, да ги развиваат позициите и идеите. Сепак, се уште има многу несогласувања меѓу различните групи во Косово, и овој процес ќе се одвива многу, многу подобро доколку се вложат максимални напори за меѓусебно приближување и да се изнајдат соодветни позиции и соодветни тимови за работата да тргне напред“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми