1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Летечки доктори“ го донесоа војникот од Африка

ДТЗ
12 мај 2021

Полковниот на АРМ е транспортиран во специјална капсула за заштита од Ковид-19. Неговата состојба е стабилна. Во тек се тестови дали е заразен со јужноафриканскиот сој.

Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Со авион на „Летечките доктори“, во специјална капсула за заштита од Ковид-19, 55- годишен потполковникот на Армијата на Македонија, кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, изутринава е донесен во Скопје. Неговата состојба е стабилна и е згрижен во посебна просторија на Инфективната клиника во Скопје. Во тек се испитувања за каков сој на коронавирусот станува збор. Војникот се заразил само неколку недели пред завршувањето на неговата шестмесечна мисија во рамките на ЕУ во Централноафриканската Република, велат армиски извори.

Тој бил тестиран на 5 мај кога се потврдило дека е позитивен на вирусот. „Причината зошто се одлучивме за евакуација е фактот што во Централноафриканската република во рамки на мисијата на ЕУ функционира болница која не може да обезбеди соодветна медицинска помош доколку неговата состојба се влоши и затоа се одлучивме подобро да превенираме отколку потоа да се занимаваме со последиците“, изјави вчера министерката Радмила Шекеринска.

-повеќе на темата: Пановски: Британскиот сој нема да му дозволи на јужноафриканскиот брзо да се шири во Европа

И министерот за здравство Венко Филипче пред два дена посочи дека македонскиот државјанин со посебен лет ќе биде донесен во С. Македонија, бидејќи во базата каде се наоѓал немало услови да биде лекуван.

Полковникот учествувал во советодавна мисија, заедно со уште еден воен претставник од С. Македонија.  Другиот војник е во добра состојба и ги извршува редовните работни обврски. Двајца други преставници на АРМ веќе ги имаат започнато подготовките за заминување на мисија во Централноафриканската Република. Ротацијата на војниците требала да се случи на крајот на месецот. Едниот од нив мораше да се врати порано дома, откако се претпоставува дека се заразил со африканскиот сој кој е еден од најразорните видови на коронавирус.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово информираше дека полковникот добро го поднел летот и е сместен на Инфективната клиника. Тој е донесен во специјална капсула, којашто се користи за транспорт на заразени лица и којашто гарантира дека нема опасност од ширење на Ковид-19.

„Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ нè информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен“, информираше Шекеринска на социјалните мрежи.

-повеќе на темата: Одморите во Занзибар донесоа стравувања од јужноафриканскиот сој

Заразениот војник под посебни услови и протоколи и ќе биде во изолација, а целиот персонал на Клиниката за инфективни болести добил препораки строго да внимава и да се придржуваат кон протоколите за работа. Во лабораторијата во МАНУ каде ќе треба да се потврди дали станува збор за опасниот јужноафрикански сој.

Јужноафриканскиот сој е поопасен од останатите мутации, побрзо се шири има потешка клиничка слика и според епидемиолошки анализи е отпорен и на дел од вакцините.Во С. Македонија е на сила одлуката за сите кои се враќаат од африкански земји има 14 дневен карантин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми