Летот на Работнички во Европа продолжува
5 август 2011Во реваншот во Скопје беше поразен со 2:1, но победничките 2:0 од првиот натпревар во Фамагуста, Работнички го кренаа во плеј-оф рундата.
Пораз рамен на победа
Кога во 63-та минута Анортозис поведе со 2:0 се чинеше дека фаворизираните гости ги враќаат работите на очекуваниот колосек. Но, погодокот на Ќумбев во 86-та минута ја крена Филип Втори арената на нозе. Подвигот на Работнички стана реалност.
Младиот тренер на Работнички Горан Петрески по натпреварот не ги криеше своите емоции.
„Направивме голем успех за македонскиот фудбал, за Македонија, за Работнички и за историјата. Јас само можам да им честитам од се срце на моите играчи, што го оставија срцето на теренот, но и на сите луѓе во клубот. Максимално се подготвувавме за ова, немаме многу време за радост, сега сме фокусирани за мечевите што ни следат“.
Работнички посреќен и одличен домаќин
Тренерот на Анортозис, Бугаринот Станимир Стоилов со став дека ова е триумф на посреќната екипа.
„Работнички е победник, бидејќи имаше повеќе среќа од нас. Ние немавме среќа. Им посакувам успех во натамошните натпревари“.
На прашањето за впечатоците од претстојот во Скопје, Стилов концизен, но јасен: „Се’ беше перфектно, Работнички беше перфектен домаќин“.
Работнички, инаку деновиве прогласен за најуспешниот клуб во светот за месец јули, е во очекување на противникот во плеј-офот од Лигата на Европа.
Автор: Златко Калински
Редактор: Александра Трајковска