1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либан: Еднa оставка, многу проблеми 

Керстен Книп | Емад Хасан
31 октомври 2019

По оставката на премиерот Харири, политичкиот живот во Либан е замрзнат. Се очекува формирање на преодна влада. Но, како таа ќе биде составена и дали ќе спроведуваат реформи е прашање. 

Libanon PK Premierminister Saad al-Hariri in Beirut
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во вторникот либанскиот премиер поднесе оставка. Ни 24 часа подоцна, Саад Ал Харири најавува дека може да остане на функцијата. Би бил подготвен како премиер да води нова влада, изјави во средата, под претпоставка дека ќе биде составена од технократи кои ќе предводат брзи реформи за да спречат економски колапс на земјата. 
Чекорот укажува на многу разговори во доверба, а сега најавената изјава за намери за повеќето Либанци е изненадување. Во средата демонстрантите кои со денови блокираа важни сообраќајници во Бејрут, ги тргнаа барикадите. Една од итните цели, повлекувањето на премиерот, беше постигната. Можеби е добро чувство за вистинскиот момент кој го натера Харири повторно да се понуди за премиер. Може да смета на тоа дека со повлекувањето во јавноста доби поени. Можеби е триумф за демонстрантите, но дали на тој триумф ќе следи и друг и каков може да биде, нема одговор од дебатите водени во земјата. Дискусијата во средата ја сумираше весникот Ал Џумхурија:  „Харири е централна фигура во системот кој земјата ја носи во бездна, и сега се обидува да се дистанцира од идните случувања", со што весникот потсетува на одговорноста на премиерот која и натаму постои. Без да ги изговори, отворено му ги префрла проблемите со кои се соочува Либан, слабиот курс на валутата, презадолженост која веќе троши 40 проценти од државните средства, финансиска зависност од земјите на Персискиот Залив, недостаток во снабдувањето со електрична енергија, здравство и инфраструктура. Младите Либанци се чувствуваат како заробеници на корупцијата. На прашањето како да се продолжи во иднина, и весникот нема одговор.    

Влијанието на Хезболах

Периодот пред оставката беше драматичен: Харири можеше да го стори овој чекор уште пред неколку дена, доколку одлучуваше слободно. Но, тој мораше да ја земе во предвид и позицијата на шиитискиот Хезболах, кој има мнозинство по парламентарните избори во мај 2018. заедно со партнерите, пред се` партијата Амал. Нејзиниот шеф Хасан Насрала одлучно и јасно се спротивстави на распаѓање на владата. За да се потенцира ова барање, милицијата испрати редица свои поддржувачи со палки за да ги нападнат насобраните демонстранти. Хезболах не е најголема сила само во парламентот. Тие важат и за најсилна милиција, која има арсенал оружје поголемо од либанската армија. Опремени и поддржани од Иран. Политичките и воените случувања во Либан не може да бидат без нив.

Радосни изблици кај демонстрантите по оставката на Харири, но што потоа? Фотографија: Reuters/A. Taher

Но, Хезболах очиглено се` помалку може да се потпира на  верскиот систем.  Се` повеќе Либанци одбиваат да бидат поделени по верска основа. Во светло на нивната „заедничка мизерија“, Либанците секогаш се здружуваа на верска основа, вели Хајко Вимен, регионален директорт на Меѓународната кризна група за Либан, Ирак и Сирија. Трите религии во Либан- христијани, сунити и шиити, и претходно се здружувале. Но, никогаш тоа не било вака одлучно како сега. „На протестите религиозните или културолошките спротивности беа засенети.

Може да се забележи како мнозинството сунитски граѓани од Триполи се солидарни со шиитите на југот. Социјалните протести над верските граници се се` посилни. „Ваков развој неизбежно го загрозува политичкиот систем во земјата – а со тоа и позицијата на Хезболах. Токму поради тоа нивното политичко раководство изјави дека не ја поддржува идејата за технократска влада. Таа нема да трае ниту две недели“, вели Насрала.

 Децениски проблеми

Оставката на Харири е само првиот чекор. Проблемите на земјата нема да се решат со ова, проценува белгискиот политички аналитичар Пјер Луј Рејмонд. „Кризата во Либан постои со децении и континуирано се шири, поради што сѐ поголема е социјалната поделба внатре во земјата меѓу Либанците,“ додава тој. Поради тоа се потребни фундаментални реформи, но останува отворено како треба да се спроведат. Создаден е вакуум кој мора да се пополни што побргу, вели Хајко Вимен. „Во актуелната ситуација тешко дека може да се спроведат наводно планираните реформи. Прво мора да седнете заедно и да размислите како воопшто сакате понатаму да ја водите државата.“

Нема јасност ниту од страна на демонстрантите. Протестите немаат ниту цврста организациска структура, ниту политичко раководство, вели легендардниот политолог Максимилијан Фелш од Универзитетот Хаизган од Бејрут. „На демонстрантите им недостасува јасно формулирана програма. Тие сакаат да го сменат системот, но и самите не знаат како би го направиле тоа.“ Фелш стравува дека на крајот ниту еден Либанец нема да им верува на добро познатите политичари. Дали со или без Харири, на Либан му претстои долг процес. Дали тој ќе води и кон се`опфатни реформи, не е јасно.
 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми