1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лига на шампиони: Бајерн загуби во Базел

23 февруари 2012

И двата синоќешни (22.02.2012) натпревари во фудбалската Лига на шампионите беа решени во последните минути. Домаќините славеа минимални победи.

Играчите на Бајерн, Лам и Милер со наведнати глави го напуштаат теренотФотографија: dapd

Влезот на Бајерн Минхен во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони е неизвесен. Германскиот тим загуби со 0:1 на гостувањето во Швајцарија од ФЦ Базел во првиот натпревар од осминафиналниот дуел и сега ќе има тешка задача на натпреварот на свој терен, кој ќе се одигра на 13 март. Баварците и синоќа одиграа натпревар под своите можности и ќе треба навистина да „запнат“ доколку сакаат да го минат осминафиналето и конечно да го остварат сонот- да играат во годинешното финале во Лигата на шампионите кое ќе се игра во нивната „Алијанц арена“.

Стрелец на единствениот гол во мечот Марсеј- Интер беше Андре Ају (десно во дел со Хавиер Занети)Фотографија: AP

Во вториот синоќешен натпревар од Лигата на шампионите Олимпик Марсеј беше подобар од Интер од Милано и победи со 1:0.

Инаку и двата натпревара беа решени во последните минути.

Базел кој заедно со Апоел Никозија се најголемите изненадувања во оваа сезона во Лигата на шампионите победи со голот на Валентин Штокер во 86. минута.

На „Велодром“ во Марсеј, Андре Ају му ја донесе победата на Олимпик со погодокот дури во 3. минута од судиското надополнување.

Автор: СН/ БГ/ миа/ дв

Редактор: А.Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми