1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерот на Беса го исклучи Кастриот Реџепи од партијата

ДТЗ
12 ноември 2021

Реџепи како реакција на одлуката го стави американското знаме на својот профил на Фејсбук, со натпис „Бог да ја благослови Америка!“

Nord-Mazedonien | Kastriot Rexepi und Bilal Kasami
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Пратеникот Кастриот Реџепи, поради кого пропадна иницијативата за гласање (не)доверба на Владата, е исклучен од партијата Беса. Одлуката jа соопшти лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами на Фејсбук. 

Касами информираше дека одлуката стапува на сила веднаш.

„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член на Движењето Беса“, напиша на својот профил Касами.

Пратеникот Кастриот Реџепи, веднаш откако Билал Касами го исклучи од Движењето Беса, го стави американското знаме на својот профил на Фејсбук, со натпис „Бог да ја благослови Америка!“

„Одметнатиот“ Реџепи денеска напладне се појави во полициската станица во Бит Пазар, откако неговата матична партија Беса го пријави за исчезнат. Пред полицајците тврдел дека се неточни информациите дека исчезнал.  Реџепи на социјалната мрежа Фејсбук, ја повика неговата партија Беса, да не презема избрзани чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активисти. Тој деновиве се пожали дека имал притисоци и најави дека во понеделник ќе се појави на прес-конференција во јавноста. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми